03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешната пратеничка и универзитетска професорка, Никица Корубин, во разговор за „Локално“ остро се осврна на актуелните политички случувања поврзани со излегувањето на Арбен Таравари од Владата, но и на пошироките импликации врз европската интеграција на државата.
Според неа, учеството на Таравари во коалицијата ВЛЕН и неговото подоцнежно повлекување остава впечаток на калкулирано и неискрено политичко дејствување.
„Големо прашање е дали станува збор за неочекувани превирања или затворање на кругот на ‘мистериозното’ нагло влегување во коалицијата, кое логично може да резултира само со нагло излегување. Но, она што е интересно и конзистентно, барем на ниво на перцепција, е дека уставните измени и европската интеграција на општеството и граѓаните, остануваат негова политичка одредница: од ветувањата дека без уставни измени нема влада, до излегувањето од влада поради незавршени уставни измени. Дестабилизација ли е, стабилизацијата на реториката?“ – прашува Корубин.
Таа оценува дека политичкиот фокус мора да биде ставен на суштинските европски реформи, а не на етничка реторика или партиски маневри, укажувајќи дека целокупниот процес на евроинтеграција може да биде компромитиран од неодговорно однесување.
„ВМРО-ДПМНЕ или било која друга политичка партија се небитни, доколку е пореметена функционалноста и европската сегашност и иднина на државата. ‘Одземањето на гласовите’ на ВМРО-ДПМНЕ не зависи од стабилноста на владата и власта, туку од стабилноста на опозицијата кај македонските партии, која е речиси непостоечка, кога станува збор за јасно и чисто декларирана проевропска опција“, вели таа.
Според неа, односот на албанските партии кон европската перспектива отсекогаш бил стабилен и проевропски, но со калкулантското однесување на ВЛЕН, оваа линија е нарушена.
„Ако нешто беше конзистентно, принципиелно и непроменливо до сега и оваа власт, тоа беше односот на сите албански политички партии, сите години на независноста, во однос на европските и евро-атлантските интеграции. За жал, тоа се промени со калкулантското однесување на ВЛЕН во однос на процеси кои веќе беа завршени, и требаа да резултираат со легално и легитимно превземени обврски.“
Корубин предупредува дека игнорирањето на преговарачката рамка и уставните обврски не е само внатрешна политичка грешка, туку сериозен удар врз кредибилитетот на државата.
„Одбивањето тоа да се направи е удар врз нашиот правен поредок, врз одлуките на нашите институции (Собрание и Влада), врз нашиот кредибилитет како држава и партнер во НАТО и ЕУ, преку пропаганден инжињеринг, за наводна ‘загрозеност на идентитетот’ со истовремено брутално и флагрантно уништување на реалниот идентитет, односно негрижата за културното наследство.“
Таа ја посочува и улогата на политичките елити во одржување на државата во стагнација.
„Тоа се само последицата, на прикриеното анти-европско однесување на македонските политички, невладини, медиумски и академски елити и држење на целата држава и општество во ‘замрзната состојба’.“
Во такви околности, додава таа, вината на албанските партии е токму во недостигот на визионерство.
„Со откажување од реалната и уставна моќ која ја имаат, вината на албанските партии е во нивната ‘послушност’ наместо ‘лидерство’. Лидерство кое сите, не само Албанците, ќе не однесе во ЕУ.“
Корубин заклучува дека главниот проблем лежи во авторитарниот менталитет кој не се вклопува во демократскиот поредок што Македонија треба да го изгради:
„Сметам дека поголем проблем е авторитарниот начин на размислување кој се обидува да се вклопи во демократско општество и уставната поставеност на државата. Тој наследен ‘авторитаризам’ ја креира и одржува во живот ‘заробената држава’. Бидејќи ‘демократската свест’ прво ќе ги почитуваше сопствените правила и институции, пред да ги критикува другите.“