08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска упати честитки до граѓаните и властите на Македонија по повод Денот на независноста.
„По повод националниот ден на Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти“, порача Кошта во својата објава на социјалната мрежа Икс.
Во честитката тој нагласи дека Европската унија останува посветена на заедничката иднина и на европскиот пат на земјата. Кошта потсети дека за да се откочи процесот на европската интеграција потребни се уставни измени, односно внесување на бугарската заедница во Уставот на Македонија.
Со оваа порака, првиот човек на Европскиот совет уште еднаш ја потврди поддршката на Унијата за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, но и ја истакна неопходноста од исполнување на договорените обврски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден