20 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Косовската влада на денешната седница донесе одлука да ги прошири санкциите кон Русија и Белорусија поради војната во Украина, објави порталот „Репортери“.
Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, изјави дека иницијативата потекнува од Министерството за надворешни работи како продолжение на спроведувањето на рестриктивните и економските мерки што веќе ги има усвоено Европската унија против Руската Федерација.
„Со цел да се поддржи спротивставувањето на агресијата на Руската Федерација против Украина, во согласност со мерките и санкциите на ЕУ и САД, Министерството за надворешни работи предложи донесување одлука за спроведување на 15-тиот, 16-тиот, 17-тиот и 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација, како и релевантни дополнителни мерки“, истакна Свечља.
Свечља нагласи дека новите мерки се однесуваат на ограничувања за превозниците на сурова нафта и други нафтени деривати од Русија. Особено, 17-тиот пакет санкции опфаќа економски и индивидуални рестриктивни мерки насочени кон намалување на приходите од енергија, кои Москва ги користи за финансирање на војната. Дополнително, санкциите се прошируваат и врз стратешките сектори на руската економија, меѓу кои се и банкарскиот сектор.
Со оваа одлука, Косово уште еднаш ја потврди својата заложба за усогласување со европските и американските политики во однос на конфликтот во Украина и зајакнување на меѓународниот притисок врз Русија и Белорусија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

