05 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Амбасадата на Косово во Скопје остро реагираше по информациите дека четворица припадници на македонската полиција на социјалните мрежи ја нарекле Косово „срце на Србија“.
Во своето соопштение, амбасадата изрази „длабоко разочарување и загриженост“ поради ваквите изјави, оценувајќи дека тие претставуваат навреда кон државата Косово и се спротивни на духот на пријателските односи меѓу двете земји.
„Очекуваме од институциите на Северна Македонија да реагираат соодветно и да преземат дисциплински мерки против лицата кои со своето однесување ја нарушуваат довербата и меѓудржавните односи“, се наведува во реакцијата на Амбасадата на Косово.
Од Амбасадата исто така порачаа дека ваквите појави не треба да се игнорираат, бидејќи доаѓаат од службени лица кои го претставуваат државниот апарат, па оттаму се очекува професионалност и почит кон соседите.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи потврди дека е започната дисциплинска постапка против четворица полицајци, а случајот е проследен до Секторот за внатрешна контрола. Истрагата треба да утврди дали прекршиле службени правила и кодекс на однесување.
Овој случај предизвика бројни реакции во јавноста, а дел од граѓаните на социјалните мрежи повикаа на санкции и на јасна осуда на говорот на омраза од институциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

