19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската Унија ја нагласува потребата од продлабочување на соработката и зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Унијата и Западен Балкан. Ова е наведено во Декларацијата од заедничкиот Самит ЕУ – Западен Балкан, во која се истакнува дека иднината на регионот е во Европската Унија и дека проширувањето претставува можност која треба да се искористи. Во декларацијата е потенцирана и неопходноста од исполнување на обврските на нашата земја во процесот на евроинтеграција.
Се нагласува дека сеопфатната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат клучни за градење заедничка иднина, како и за спроведување со добра волја и со конкретни резултати на меѓународните договори. Меѓу нив се Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
Порака на Самитот упати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој истакна дека Северна Македонија јасно знае што треба да направи на патот кон членство во Европската Унија.
„Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност и се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нејзините власти знаат што треба да направат“, изјави Коста.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествуваше на Самитот, изјави дека Владата ги презема сите неопходни реформи за членство во Европската Унија и дека државата одамна го заслужила членството. Според него, и покрај исполнувањето на бројни критериуми, поради вештачки причини земјата сè уште не е дел од Европската Унија.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

