24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Четирите години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ донеле разочарувања за граѓаните наместо развој, чиста и функционална средина. Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочувајќи дека општините управувани од ВМРО-ДПМНЕ станале центар на тендерски шеми и злоупотреби на народните пари.
Кузеска изјави дека преку фирми блиски до власта систематски се испумпувале средства од граѓаните. Според неа, факт е дека исти фирми постојано добивале милионски тендери и тоа често како единствени понудувачи. „Тоа не е конкуренција, тоа е корупција во најчиста форма“, нагласи таа.
Додека јавните пари се трошеле на партиски бизнис-шеми, жителите биле погодени со поскапи сметки за вода, канализација, смет, а бил зголемен и данокот на промет. Наместо инвестиции во развој, граѓаните добиле нечисти улици, урбанистички хаос и недостиг од сериозни проекти за подобар живот.
СДСМ ја посочи метрополата како најилустративен пример за, како што велат, катастрофалната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ управува со Скопје – преку Советот, јавните претпријатија и сите механизми на локалната власт. Резултатот е град преполн со смет, хаос во јавниот превоз и без ниту еден нов капитален проект,“ изјави Кузеска.
Според неа, јавните претпријатија се пред распад, урбанистичкиот ред е целосно нарушен, а Скопје е задушено од сообраќајниот хаос и дивоградбите. Кузеска потенцира дека се регистрирани над 150 незаконски градби, криминал вреден над 220 милиони евра и узурпирање на јавниот простор.
Клучните ветувања што ВМРО-ДПМНЕ ги даде за главниот град, како бесплатен градски превоз и набавка на 250 еколошки автобуси, според СДСМ, никогаш не се реализираа. „Нема модерен транспорт, нема капитални инвестиции, има само застој и назадување“, додаде Кузеска.
Со тоа, како што порача СДСМ, граѓаните добиле само четири години на разочарување, скандали и коруптивни практики наместо развој и подобар живот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

