02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Откако градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги објави признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител за 2025 година, во јавноста се појави остра реакција од Кристина Цоковска.
Цоковска преку објава на социјалните мрежи изрази шок и неверување поради фактот што за најдобар пожарникар на град Скопје е прогласен Игор Станишев, лице за кое таа тврди дека на 11 јануари 2025 година ја удрило со моторно возило, управувано под дејство на алкохол.
„Најдобриот пожарникар прогласен од Град Скопје е истиот човек кој на 11.01.2025 година предизвика сообраќајна несреќа во која ме удри со возило, под дејство на алкохол. Не можам да поверувам во каква држава живееме“, напиша Цоковска.
Таа нагласува дека нејзината реакција не е насочена кон омаловажување на професијата пожарникар, ниту кон евентуалните професионални успеси на наградениот, туку претставува личен револт и разочараност од, како што наведува, судирот меѓу јавните признанија и личната одговорност.
„Ова не е напад врз неговата професија, туку неверување дека човек кој треба да спасува животи, истовремено ги загрозува“, вели таа, поставувајќи низа реторички прашања за вредностите што ги симболизираат пожарникарите.
Според нејзините наводи, полицискиот записник покажал дека возачот управувал со возилото со 2,1 г/кг алкохол во крвта и 1,3 г/кг алкохол во урината. „Ваквиот човек денес добива признание и ќе биде величен од Град Скопје и јавноста“, додава Цоковска.
Досега нема јавно соопштение од Град Скопје ниту од наградениот пожарникар во врска со овие обвинувања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

