28 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против Р.А., 28-годишен жител на Скопје, под сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни затворската полиција спровела претрес во Казнено-поправната установа „Затвор – Идризово“. При претресот кај пријавениот биле пронајдени и одземени количини марихуана.
Предметот е проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

