07 октомври 2025
• од Вардарски
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Г. од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил тешки кривични дела – „загрозување на сигурноста“ и „полов напад и силување“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот физички ги нападнал двете свои ќерки на возраст од 16 години, при што им нанел видливи повреди. Покрај физичкото насилство, тој, како што се сомничи, ги допирал по телата, со што извршил и полов напад врз нив.
Полицијата веднаш интервенирала по пријавата, а случајот бил документиран со сите потребни докази. Против осомничениот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за натамошните постапки.
Од МВР апелираат сите граѓани кои се сведоци или жртви на семејно или половo насилство, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот број 192, со цел навремена заштита на жртвите и санкционирање на сторителите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден