10 април 2025
• од Вардарски
Секторот за внатрешни работи Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе две кривични пријави против директори на средни училишта во општина Берово поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Првата пријава е поднесена против Д.П. (64) од село Владимирово, која во својство на директор на средно училиште во Берово, при спроведување на јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024 година, склучила договор со правен субјект од Пехчево по цена значително повисока од пазарната. Според податоците, договорената цена била двојно или повеќепати поголема од редовната месечна карта за иста релација, што резултирало со штета на буџетот на училиштето во износ од околу 560.000 денари.
Втората кривична пријава е поднесена против С.К. (52) од село Русиново, исто така директор на средно училиште во Берово. Тој е осомничен дека при јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 година склучил договор со правен субјект од Пехчево под исти услови — со цена која е двојно или повеќекратно повисока од реалната пазарна вредност. Со ова, според наодите на полицијата, бил оштетен буџетот на училиштето за приближно 611.000 денари.
Во двата случаи, постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик, во врска со член 114 став 1 алинеја 4 од Законот за јавни набавки.
Надлежните институции продолжуваат со истражни дејствија, а случаите се проследени до Јавното обвинителство за понатамошна постапка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

