08 април 2025
• од Вардарски
Полициската станица во Штип поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Кочани против три лица од Струмица – Г.А. (37), Б.Ч. (23) и Р.Ѓ. (60) – поради сомнение за сторено кривично дело грабнување, казниво по член 144 став 1 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 6 април 2025 година, околу 14:40 часот, во село во Берово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тројцата осомничени со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на синот на Д.В. (59) од Делчево од семејниот дом и со патничко возило марка „Ауди“, со струмички регистарски таблички, го напуштиле местото на настанот.
Полицијата брзо реагирала и ги лишила од слобода осомничените. Следниот ден, на 7 април, тие биле изведени пред судија за претходна постапка во Основниот суд во Кочани. На 60-годишната Р.Ѓ. ѝ е изречена мерка домашен притвор, додека Г.А. и Б.Ч. се во притвор во траење од 30 дена.
Истражните органи продолжуваат со понатамошни постапки за целосно расветлување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

