18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 55-годишниот Ѓ.Ш. од Куманово, осомничен за кривично дело „фалсификување исправа“.
Според информациите од истрагата, лицето во периодот од 2016 година било ангажирано со договор на дело во едно јавно претпријатие во Куманово. Во текот на 2022 година, тој набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово и ја приложил како валиден документ при пријавување на јавен оглас за вработување.
Благодарение на приложената лажна диплома, осомничениот успеал да склучи договор за редовно вработување на неопределено време во истото претпријатие. По откривањето на неправилностите, против него е поведена соодветна постапка и случајот е предаден на надлежните органи за понатамошно процесирање.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

