македонија25 февруари 2025 Куртелов од Охрид: Три години војната во Украина, Мицкоски му сврте грб на општоевропскиот интерес
„Македонија е коспонзор на американската резолуција за Украина. На сметка на општата европска резолуција, која ја игнорира.
На денешен ден пред 3 години Русија изврши агресија врз Украина. Украинското прашање е поактуелно од кога било. Откако Трамп ја презеде претседателската палка, се мешаат картите на масата каде се исцртуваат сферите на влијание, а не е јасно кој ќе го добие најслабиот.
Од сегашна перспектива, Украина и Европа се губитници. ЕУ се соочува со тежок и болен процес на еманципација од САД, кои имаат намера да го тргнат „чадорот“ од „старата дама“. Европа мора да изгради сопствен одбранбен капацитет. Ќе бидат потребни многу пари во одбраната - за модернизирање на армиите - а тоа ќе биде на сметка на даночните обврзници. Нема да биде лесно, бидејќи ќе биде по цена на кратење на социјалните програми. Европа мора да помине низ „болен пубертет“.
На почетокот на Втората светска војна, Черчил им ветил на Британците само „крв, пот и солзи“. Денес, за да се избегне крвопролевање, ќе треба многу пот и неколку солзи.
Каде е Македонија во оваа каша? Сега е сосема јасно дека Мицкоски се откажа од евроинтегративните процеси со изговор: „Не прифаќаме ултиматуми“.
Станува збор за вклучување на Бугарите во македонскиот устав. Тој оцени (или така му беше кажано) дека е погодно да се игра на американската карта. Од денешните вести:
„Македонија е коспонзор на американската резолуција за Украина. На сметка на општата европска резолуција, која ја игнорира.
Нашите предци рекоа:
„Копајте нов бунар, но не плукајте во стариот“.
Овој текст ќе го завршам со мисла на Хенри Кисинџер:
„Да се биде непријател на Америка е опасно, но да се биде нејзин пријател е фатално.