13 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Косово, Албин Курти, во интервју за телевизијата „Канал10“ ги отфрли обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзиниот лидер Али Ахмети дека тој придонел за поделби меѓу Албанците во Северна Македонија. Курти категорично ги негираше ваквите тврдења, нагласувајќи дека неговата улога била сосема спротивна – насочена кон обединување, а не кон раздор.
„Ние ги обединивме. ВЛЕН е сојуз меѓу политички субјекти. Како може да се тврди дека сме ги поделиле? Тие претходно беа неколку различни субјекти, додека ние имавме само еден пратеник кој е член на Самоопределување“, изјави Курти.
Тој додаде дека доколку неговото делување, дури и во мала мера, придонело за приближување и обединување на албанските политички субјекти во Северна Македонија, тоа треба да се гледа како позитивна вредност, а не како причина за политички обвинувања.
„Верувам дека ова обединување имаше позитивно влијание. Неколку расцепкани субјекти се здружија заедно. Тоа е добро и претставува нивно постигнување“, истакна косовскиот премиер.
Изјавите на Курти доаѓаат по критиките од ДУИ, која тврди дека политичкото влијание од Приштина довело до продлабочување на поделбите меѓу албанските партии во Северна Македонија. Курти, пак, смета дека ваквите обвинувања се неосновани и дека процесот на политичко обединување треба да се оценува како чекор напред за албанскиот политички фактор во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

