28 март 2025
• од Гоце Кически
Либерално-демократската партија (ЛДП) започна иницијатива за донирање на дел од платата на избраните и именуваните лица со цел помош и рехабилитација на настраданите во големата трагедија и пожарот во Кочани, каде што 59 млади луѓе ги загубија своите животи.
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, го постави личниот пример, повикувајќи ги своите колеги пратеници, како и другите избрани и именувани функционери, да донираат дел од својата плата на сметката на Црвениот крст. Оваа акција има за цел да им го олесни патот кон закрепнувањето на настраданите сограѓани.
„Во вакви тешки времиња, кога сите сочувствуваме со блиските на настраданите, солидарноста и емпатијата треба да бидат на прво место. Да се сака својата земја и народ значи да се биде хуман, одговорен и совесен, и да се пружа помош секогаш кога тоа е потребно“, истакна Зајкова.
Иницијативата веќе е доставена до Собранието, Владата и ЗЕЛС како надлежни тела и државни органи на понатамошно разгледување и постапување.
Солидарноста и човечката поддршка се од суштинско значење во овие моменти на трагедија, а оваа иницијатива на ЛДП е еден од бројните примери на обединета и хумана акција за помош на најпогодените.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

