10 мај 2025
• од Вардарски
Директорот на Психијатриската болница во Демир Хисар, Жан Лозановски, кој е исто така функционер на ЗНАМ, се најде во центарот на нов скандал откако во ноќните часови на 6 мај 2025 година, вон работно време, направил сообраќајна несреќа со службеното возило на болницата. Наместо да ја пријави несреќата во МВР, директорот избегал од местото на настанот.
Според информации што ги објави партијата Левица на својот официјален Фејсбук профил, Лозановски не само што не ја пријавил сообраќајката, туку се обидел да ја прикрие штетата, наводно лепејќи делови од уништеното возило со селотејп. Јавноста сега бара одговори од директорот за неколку клучни прашања:
Овој инцидент дополнително ја засилува критиката кон раководството на ЗНАМ, чиј директор веќе е предмет на бројни јавни осуди. Засега нема официјална реакција од страна на Лозановски или од болницата во Демир Хисар, ниту пак од ЗНАМ.
Очекуваме институциите, особено МВР, да спроведат истрага за овој инцидент и да ги утврдат сите околности. Јавноста бара одговорност и транспарентност, особено кога станува збор за функционери кои раководат со институции од јавното здравство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

