26 септември 2025
• од Гоце Кически
Партијата Левица обвини дека Министерството за внатрешни работи (МВР) со години не реагирало на повеќекратните пријави против Илија Стефановски, осомничениот за убиството во Велес, иако за истиот постоеле повеќе докази за закани и насилство.
Според партијата, уште од 2013 година наваму, најмалку четири жени поднеле пријави во различни полициски станици во Скопје, но сите тие завршиле како „поплаки“. Таа формулација, како што наведуваат од Левица, овозможувала да не се извести Јавното обвинителство и случаите да се затворат без понатамошна реакција.
„Иако министерот Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски целосно застанаа во одбрана на МВР за ужасното убиство во Велес, реалноста е дека полицијата свесно и континуирано ги игнорирала заканите од убиецот на Росица,“ се наведува во соопштението на партијата.
Од Левица дополнително посочуваат дека МВР крие од медиумите што точно е преземено по овие пријави, освен административни забелешки.
Партијата бара итна истрага и одговорност за сите полициски службеници кои не постапиле по пријавите во периодот од 2013 до 2019 година, како и итна ревизија на сите случаи на семејно насилство.
„До кога министерот Тошковски и премиерот Мицкоски ќе ја бранат корупцијата во своите редови? Колку животи треба да згаснат пред власта да преземе одговорност за катастрофалното менаџирање со институциите?“ прашуваат од Левица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

