09 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници. Од партијата оценуваат дека ваквата мерка претставува уште едно „импровизирано решение“ кое е на штета на јавниот интерес и на граѓаните на Скопје.
„Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради што јавниот превоз колабираше, а градот западна во хаос. Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изиграат спасители и најавуваат нови автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП,“ се вели во реакцијата на Левица.
Според партијата, ваквиот чекор на градските власти отвора сомнеж дека се подготвува терен за приватизација на јавните претпријатија, наместо за нивно реформирање и модернизација.
Од Левица прашуваат зошто приоритет на градската власт е набавката на автобуси за приватните превозници, наместо инвестиции во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Тие потсетуваат дека токму истите политички структури претходно се спротивставиле на купување нови автобуси за ЈСП, а сега нудат „импровизирани решенија“ кои, според нив, не го решаваат проблемот на долгорочен план.
„Истиот двоен стандард го гледаме и со Градска хигиена – Скопје тонаше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот неред,“ додаваат од партијата.
Советниците на Левица во Советот на Град Скопје, како што најавуваат од партијата, ќе се спротистават на секоја одлука која го фаворизира приватниот интерес пред јавниот и нема да дозволат „дополнително уништување на јавните претпријатија“.
„Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и политички маркетинг,“ порачуваат од Левица во своето соопштение.
Бугарски аналитичар со остра анализа: С. Македонија работи против своите интереси
Пратеничка од Влен: „Беким Сали ќе биде премиер на Албанците во Македонија“
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

