21 април 2025
• од Вардарски
Партијата Левица – Демир Хисар остро реагира на, како што велат, сериозни злоупотреби и притисоци врз вработените во Психијатриската болница во Демир Хисар, раководена од директорот Жан Лозановски, кадар на Движењето ЗНАМ.
Според Левица, вработените подолг период работат под тешки услови, со прекувремена работа што достигнува и до 200 часа месечно – бројка која е далеку над законски дозволената граница. Освен што не им се исплаќа соодветно надоместок за прекувремената работа, на дел од персоналот им бил укинат и организираниот превоз за ноќни смени.
Вработените реагирале до Државниот трудов инспекторат, кој по извршен надзор потврдил дека превозот им следува согласно законот, и дека директорот е должен да го обезбеди.
Сепак, како што тврди Левица, наместо да постапи според решението на инспекторатот, директорот Лозановски започнал со притисоци врз вработените. Имено, тие биле принудувани да потпишуваат изјави со кои доброволно се откажуваат од правото на превоз, со закана дека во спротивно ќе бидат исклучени од сменска работа и дежурства, или ќе бидат заменети со персонал од други здравствени установи. Дел од вработените, според партијата, веќе доставиле и фотографии од ваквите изјави како доказ.
Левица прашува дали Јавното обвинителство ќе постапи по овие информации, особено имајќи предвид дека, како што велат, се работи за системски притисок и кршење на работничките права.
„По сите досегашни скандали и самоволие, уште еднаш го повторуваме барањето за итно разрешување на директорот на психијатриската болница во Демир Хисар,“ стои во соопштението на Левица – Демир Хисар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

