25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Партијата Левица упати жестока критика кон градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, обвинувајќи го за парадирање со скап часовник во време кога дел од жителите на општината се соочуваат со основни егзистенцијални проблеми.
Во својата објава, Левица посочува дека жителите на оваа општина се борат со прекини во водоснабдувањето, уништена инфраструктура и недостиг на основни услови за нормален живот, додека нивниот градоначалник носи часовник чија цена изнесува повеќегодишна плата на просечен работник.
„Од левичарски аспект, ова не е прашање на вкус или личен избор, туку на општествена одговорност,“ се наведува во реакцијата. Партијата нагласува дека е недозволиво избран функционер да се претставува со луксуз, додека луѓето за кои е одговорен живеат во недостојни услови.
Левица прашува дали е вистина дека Стефковски носи часовници од престижните брендови Breitling и Longines, модели кои, според познавачите, чинат од 13.000 до 20.000 евра, а половни се продаваат меѓу 7.500 и 10.000 евра.
„Зарем ова е вистинската слика на ‘успешен градоначалник’? Зарем ова е примерот што треба да им го нудиме на младите? Зарем ова е ‘живот за сите’ или живот само за избраните?“, прашува Левица.
На крај, партијата ја потенцира суштината на проблемот:
„Колку пумпи за вода можат да се купат со кешот на Боби?“
Со ова, Левица уште еднаш ја отвора темата за приоритетите на локалната власт и за прашањето дали избраните функционери живеат во реалноста на граѓаните што ги претставуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

