16 април 2025
• од Вардарски
На 15 април 2025 година, околу 19:30 часот, полициски службеници на Граничниот премин Долно Блаце го лишиле од слобода 51-годишниот Ш.Б., државјанин на Косово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“, согласно член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил за време на редовна гранична контрола при негов влез во државата. Осомничениот на увид доставил документи за патничко возило од марката „Фолксваген Голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал. Во исто време, тој во својата патна исправа ставил банкнота од 10 евра, со што се сомничи дека се обидел да го поткупи полицискиот службеник.
За случајот веднаш бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.
Надлежните институции нагласуваат дека нема да толерираат обиди за корупција и поткуп, особено во процеси кои се однесуваат на државната безбедност и граничниот режим.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

