25 април 2025
• од Вардарски
Денеска (25 април 2025 година), полициски службеници го лишија од слобода 34-годишниот Ј.О. од Скопје, откако околу 11:30 часот на улицата „Џон Кенеди“ управувал мотоцикл „Пијаџо“ со скопски регистарски таблички и удрил во 10-годишно девојче.
По несреќата, девојчето било итно пренесено со возило на Итната медицинска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

