25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент што се случил на фудбалскиот натпревар меѓу пионерските екипи на ФК „Шкупи“ и ФК „Брегалница“ на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип. Во настанот биле повредени двајца малолетни фудбалери од ФК „Брегалница“ на возраст од 15 години.
Според информациите, лицето А.А. (43) од Скопје, родител на еден од играчите на ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца фудбалери од штипската „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Веднаш по нападот, полицијата интервенирала и го лишила од слобода напаѓачот.
Повредените малолетници биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им е укажана медицинска помош.
Од МВР додаваат дека за случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот. По завршување на постапката, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

