08 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На 7 јуни 2025 година, околу 11:15 часот, на улицата „Битолска“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода 39-годишниот З.Б. од селото Свето Тодори, општина Демир Хисар.
При рутинска контрола во сообраќајот, полициските службеници го сопреле патничкото возило што го управувал З.Б., а по преземените мерки било утврдено дека возачот управувал со возилото под дејство на алкохол. Извршеното тестирање покажало присуство од 1,61 промили алкохол во крвта.
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да не управуваат возило под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

