23 април 2025
• од Вардарски
„Секогаш кога вистината не одговара на политичките наративи на денешната власт, таа или се премолчува, или се претвора во лага,“ вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, осврнувајќи се на целосно игнорираното востание – Валандовската акција.
„Исто како и Охридско-Дебарското и Тиквешкото востание, и Валандовската акција е истуркана во аглите на историјата. Ниту училишните учебници ја спомнуваат, ниту државата ја признава како дел од борбата за слобода. А зошто? Затоа што не се вклопува во приказната на денешните ’патриоти’.“
Во 1913 година, ВМРО организира напредна акција во Валандово, каде учествуваат околу 600 локални четници. Но она што денес би го нарекле шокантно – во борбата им се придружуваат и над 100 локални Турци. Две етнички групи, доскорешни непријатели, стануваат сојузници против новиот окупатор – Кралството Србија.
„Тоа е момент на историска зрелост и отпор. Македонските Бугари и Турци, и двете понижени и потчинети од новиот режим, го препознаваат заедничкиот непријател и се кренале. Тоа не била само воена акција – тоа била бунтовна визија за иднината на Македонија.“
Во одмаздата која следела, биле запалени и македонски и турски села. Денес, вели Георгиевски, токму тие луѓе кои се кренале за слобода, се нарекуваат „крвожедни Бугари“.
„На Велик Петок, со државно покровителство, Валандовската акција беше претставена како бугарска агресија. Истото го видовме и со споменикот во Рамне – охриѓани наречени ’крвожедни Бугари’. Се вика патриотизам, ама личи на кукавичлук.“
„Партиите што се бусаат во гради за Македонија, молчат. Историјата им пречи. Затоа што вистинската историја не е црно-бела. Таа е крвава, комплексна и – најстрашно за нив – не може да се контролира.“
На крајот, Георгиевски додава:
„Оваа изјава можеби ќе ја прогласат за контроверзна, ама барем е вистинита. За сите што сакаат да знаат што било ВМРО – ова е лекција. Има и едукативен карактер, ако некој има доблест да ја слушне.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

