21 јануари 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, на својот профил на Фејсбук објави статус во кој изразува незадоволство од двојните стандарди во однос на историските настани и личности во Македонија.
„Рамиз Мерко добил кривична пријава за поставување спомен-плоча на училиште од времето на албанската окупација.
Во исто време, мене ме судат во Битола затоа што самото име на Ванчо Михаилов, според некои, предизвикувало национална омраза.
Тие што оддаваат почит кон Мара Бунева се третираат како отпадници.
Од друга страна, никој македонски патриот не реагира на дваесетте обновени плочи од времето на српската окупација.
Еве, само една од стоте прослави на српската окупација, каде што се одржува одличен говор за македонскиот идентитет.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

