01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во своето најново излагање направи историска ретроспектива на македонската политичка сцена, потсетувајќи на тешкиот процес на идеолошка трансформација на македонскиот народ и политичките парадокси поврзани со приватизацијата и изборните победи.
Според Георгиевски, денеска е лесно сите да се декларираат како вмровци и да се зборува за времето на Никола Груевски, но се заборава кој всушност го трасирал тој пат. Тој потенцираше дека лично ја водел децениската битка за преобразба на народот од, како што вели, грубо кажано комунисти во десничари, односно од Југословени во искрени борци за самостојна Македонија.
Осврнувајќи се на економската состојба и затворените фабрики, Георгиевски посочи на еден голем политички апсурд од почетокот на новиот милениум. И покрај катастрофалната состојба со невработеноста која достигнуваше застрашувачка бројка од 300 до 350 илјади граѓани без работа во 1998 година, СДСМ предводен од Бранко Црвенковски успеа да извојува победа на парламентарните избори на 15 септември 2002 година.
Но, најинтересниот дел од македонската политичка историја, според Георгиевски, се случува осум години по тој настан. Тогаш Никола Груевски успева убедливо да го победи Црвенковски и СДСМ користејќи ги токму нивните најголеми грешки. Груевски ја доби довербата потсетувајќи го народот на болната приватизација и затворените индустриски гиганти како Железара, ОХИС и ОТЕКС, кои според Георгиевски, беа уништени токму во времето кога СДСМ претходно ја имаше власта.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

