31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Примитивниот национализам се користи како алатка за подгревање на ниските страсти кај гласачкото тело, со единствена цел да се прикрие недостатокот на резултати во клучните сфери како економијата и европските интеграции. Ова е ставот на Џело Хоџиќ, изнесен во најновото издание на подкастот „Почетна пресметка“.
Во својата остра критика за актуелната политичка состојба, Хоџиќ истакна дека на граѓаните свесно им се одзема иднината, а власта нуди национализам како замена за реалниот напредок и развој.
„Примитивниот национализам служи да се потгреат ниските страсти кај гласачкото тело затоа што вие на него му ја одземате иднината. Власта го нуди на гласачите и на јавноста затоа што нема резултати во делот каде што треба да има – економија и европски интеграции“, истакна Хоџиќ.
Анализирајќи ја геополитичката позиција на земјава во однос на регионот, тој предупреди на опасна изолација и промена на стратешкиот курс.
„Така Македонија станува една дупка каде што сите околу нас се развиваат, а власта со сила сака да нѐ врзе со Србија“, посочи тој за време на гостувањето во подкастот.
На директното прашање од водителот дали има храброст со име и презиме да каже кој точно ја кочи државата во нејзиниот развој кон Европа, Хоџиќ без двоумење ја лоцираше одговорноста директно кај врвот на извршната власт.
„ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Христијан Мицкоски и сите министри во владата на Христијан Мицкоски“, дециден беше Хоџиќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

