30 мај 2026
• од Темелко Тошев
Според сведоштвото објавено на социјалните мрежи, насилникот крвнички ја тепал и ја давел жената, а на рацете имал видливи траги од крв. Згрозена од сцената, младата девојка веднаш реагирала за да го спречи понатамошното изживување.
„Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: 'Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави'“, пишува Александра во својата објава.
И покрај обидите да биде замолчена, младата скопјанка не се повлекла и храбро му возвратила на соучесникот кој го оправдувал насилството прашувајќи го: „И да ѝ е маж, дали тоа значи дека смее да ја тепа?“
Она што дополнително ја шокирало и разочарало јавноста е фактот што ниту еден од мажите кои во тој момент поминувале покрај местото на настанот не се осмелил да застане и да ѝ помогне на беспомошната жена.
Наместо да престане, насилникот својата агресија ја насочил кон девојката која се обидела да го спречи.
„Насилникот се свртел кон ќерка ми и ѝ се заканил со навредливи зборови: 'Таквите како тебе на кр ги ставам'*“, посочува револтираната мајка.
Преку својата објава, Александра упати остар апел и јавно побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) итно да преземе мерки за расчистување на овој случај и санкционирање на насилникот.
Таа испрати и силна порака до целото општество во кое семејното насилство сè уште често се третира како „приватна работа“:
Овој настан уште еднаш го отвора болното прашање за колективната одговорност и (не)реакцијата на околината кога станува збор за родово базирано и семејно насилство низ улиците на главниот град.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

