29 мај 2026
• од Темелко Тошев
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија најостро го осуди инцидентот што се случи рано утринава во романскиот град Галаци, а кој беше предизвикан од руски вооружен дрон.
Преку својот официјален профил на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), бугарското МНР испрати остра порака за неодамнешните случувања кои ги вознемирија граѓаните во соседството, нарекувајќи ги ваквите потези директна закана за безбедноста на Европа.
„Бугарија силно го осудува инцидентот во Галаци од рано утринава, предизвикан од руски вооружен дрон. Ваквите неодговорни акти кои ја загрозуваат европската безбедност се неприфатливи“, се вели во објавата на бугарското Министерство за надворешни работи.
Покрај острата осуда за акциите на руските сили, официјална Софија испрати и недвосмислена порака за поддршка до својот сосед.
„Бугарија стои во целосна солидарност со Романија“, се додава во соопштението.
Овој инцидент уште еднаш ги подгрева стравувањата за прелевање на конфликтот и безбедносните ризици во земјите кои граничат со Украина, предизвикувајќи брзи дипломатски реакции од сојузниците во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

