22 мај 2026
• од Темелко Тошев
Хрватскиот Државен инспекторат донесе одлука за итно повлекување од продажба на популарниот производ – мешана салата „Бенита“, со потекло од Северна Македонија. Причина за ваквата мерка е утврденото присуство на зголемено ниво на пестицидот хлорпирифос, што претставува ризик по безбедноста на потрошувачите.
Производот се продаваше во маркетите на „Кауфланд Хрватска“, а инспекцијата издаде известување до јавноста со цел превенција од употреба на овој производ.
Известувањето се однесува исклучиво на серијата со следните карактеристики:
Според официјалното соопштение, анализите покажале дека производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ), која ги пропишува максималните дозволени нивоа на остатоци од пестициди во храната од растително и животинско потекло.
Хлорпирифосот е инсектицид чија употреба во Европската Унија е строго ограничена поради потенцијалните ризици по здравјето на луѓето. Со тоа што производот не ги исполнува стандардите утврдени со регулативите на ЕУ, истиот мора да се отстрани од полиците на продавниците.
Доколку сте го купиле овој производ, се препорачува истиот да не го консумирате. Потрошувачите кои веќе го купиле производот можат да го вратат во маркетите каде што е купен, каде што ќе добијат соодветна повратна информација или рефундација на средствата.
Шукова до Тошковски: Убиства, дрога и хаос – колку жртви уште треба за оставка?
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

