22 мај 2026
• од Темелко Тошев
Случај на неовластено користење на електрична енергија е откриен во Штип, каде што сервис за возила лоциран на улицата „Железничка“ со месеци ја заобиколувал законската обврска за плаќање на потрошената струја.
Екипите на Корисничкиот енерго центар на „Електродистрибуција“ во Штип, во соработка со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, извршиле контрола на објектот по сомневање за неправилности.
При увидот е констатирано дека нелегалното користење на електрична енергија се одвивало во континуитет од јануари до почетокот на мај 2026 година. Според техничкиот извештај на компанијата, манипулацијата била извршена преку:
Поради сторениот прекршок и направената штета кон дистрибутивниот систем, „Електродистрибуција“ презеде соодветни законски мерки:
Од „Електродистрибуција“ потсетуваат дека кражбата на електрична енергија претставува сериозно кривично дело кое го загрозува стабилното снабдување со струја за останатите корисници и најавуваат дека продолжуваат со засилените теренски контроли со цел да се стави крај на ваквите манипулации.
Шукова до Тошковски: Убиства, дрога и хаос – колку жртви уште треба за оставка?
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

