22 мај 2026
• од Темелко Тошев
„После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем, се отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка?“, порача Каја Шукова, претседателка на Форум на жени на СДСМ, на денешната прес-конференција.
Според Шукова, граѓаните веќе одамна се свесни дека недостасува морал и функционален систем, но бројот на жртвите станува алармантен.
Во своето обраќање, Шукова потсети на низа трагични настани кои ја потресоа јавноста:
Од Форумот на жени на СДСМ оценуваат дека во изминатите две години Македонија живее во страв, несигурност и насилство кое стана секојдневие во училиштата, домовите и на улиците.
„Институциите кои треба да штитат – не функционираат. Превенција нема, одговорност нема. Системот е ставен во функција на заштита на власта, наместо на граѓаните“, истакна Шукова.
Таа додаде дека полицијата е партизирана со измените на Законот за МВР и е претворена, како што рече, „во инструмент за заштита на криминалната група и за пресметка со опозицијата“.
На крајот од прес-конференцијата, пораката беше децидна: државата е небезбедна, а граѓаните се оставени сами на себе.
„Одговорноста е директна кај министерот Панче Тошковски. Тој мора да ја преземе одговорноста. Оставка веднаш!“, заклучи претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

