22 мај 2026
• од Темелко Тошев
Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница, во близина на клучката кај Радишани. Според првичните информации од полицијата, трагедијата се случила кога товарно возило преминало во спротивната насока и директно удрило во автомобил, по што избувнал пожар.
Несреќата се случила вчера, на 21 мај, во 23:00 часот, на потегот помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека товарно возило – влекач „МАН“ со косовски национални ознаки, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, изгубило контрола над управувањето.
Возилото преминало преку заштитната метална ограда и влетало во спротивната сообраќајна лента, каде што директно се судрило со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Р.В. од Скопје.
Силината на ударот предизвикала пожар во двете возила. Кабината на влекачот и целото патничко возило целосно изгореа, а пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, но за жал, тие можеле само да констатираат смрт.
Според официјалните податоци од МВР, од здобиените повреди на самото место починале:
На местото на несреќата во текот на ноќта беше извршен увид од страна на истражните органи и јавен обвинител, со цел да се утврдат точните причини за загубата на контрола врз товарното возило. Се претпоставува дека причината би можела да биде замор на возачот или техничка неисправност, но официјални информации ќе бидат соопштени по завршување на истрагата.
Шукова до Тошковски: Убиства, дрога и хаос – колку жртви уште треба за оставка?
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

