29 мај 2026
• од Темелко Тошев
Јавниот долг на државата достигна алармантни 11 милијарди евра, а власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ свесно бега од одговори и соочување со фактите, обвинуваат од опозицискиот СДСМ. Од партијата директно ја прозваа министерката за финансии, Гордана Кочовска, дека избегнува јавна дебата за енормното задолжување на граѓаните.
Како што посочуваат од СДСМ, министерката Кочовска првично самата иницирала средба со опозицијата за, како што изјавила, „убаво да ги објаснат работите“.
„СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите отворено да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓаат буџетот и долгот. И потоа таа избега. Ниту вчера ја немаше во Собранието. Прво повикува, а потоа бега,“ велат од партијата.
Според бројките кои ги изнесува опозицијата, за само две години Владата на Христијан Мицкоски ја задолжила државата за околу 2,5 милијарди евра.
Од СДСМ потсетуваат дека во декември 2023 година јавниот долг изнесувал околу 8,5 милијарди евра. Денес, со најновото задолжување од 260 милиони евра, тој ја пробива границата од 11 милијарди.
„Ова е драматично зголемување. Затоа Кочовска нема како да им објасни на граѓаните што точно се случува со нивните пари,“ се додава во реакцијата.
СДСМ преку серија прашања укажува на фактот дека историски највисокиот долг не се рефлектира позитивно врз секојдневието на граѓаните:
„Па каде завршија парите? Во криминални тендери и луксузи на власта. Затоа ли нема пари за референдум? Ете затоа побегна Кочовска,“ децидни се од СДСМ.
На крајот од соопштението, од партијата заклучуваат дека тактиката на ВМРО-ДПМНЕ останува иста – кога треба да се одговара со конкретни факти и бројки, тие бегаат или креираат нови теми за дефокус, потпирајќи се исклучиво на лаги и пропаганда.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

