28 мај 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати остри критики до Владата и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, обвинувајќи за неодговорно управување со јавните финансии, енормно задолжување и пробивање на законските лимити за буџетскиот дефицит.
Битиќи јавно реагираше на отсуството на министерката во Собранието, посочувајќи дека граѓаните добиваат објаснувања за стотици милиони евра нови долгови преку социјалните мрежи, наместо преку транспарентен институционален отчет.
Според него, ваквата фискална траекторија укажува на сериозни ризици за одржливоста на јавните финансии и отсуство на јасна стратегија за стабилизирање на јавниот долг.
Во своето обраќање, Битиќи направи детална анализа на моменталната и планираната должничка архитектура на државата, предупредувајќи дека Владата подготвува терен за нови огромни задолжувања кои ги надминуваат досегашните официјални најави.
Тој ја презентираше следната математика за јавниот долг пред пратениците и јавноста:
„Тоа е потенцијален јавен и неплатен финансиски товар од околу 13,4 милијарди евра. Граѓаните имаат право да знаат дали Северна Македонија е длабоко навлезена во должничка спирала или Владата конечно има план што не се сведува на нов заем за стар проблем“, запраша Битиќи, барајќи од министерката да ги потврди или демантира овие пресметки.
Вториот дел од критиките на пратеникот беше насочен кон буџетскиот дефицит, кој тој го нарече „симптом што покажува дека Буџетот троши побрзо отколку што собира“. Битиќи потсети дека Законот за буџети наложува дефицитот да не надминува 3% од БДП, правило кое Владата веќе го прекршила планирајќи го буџетот за 2026 година со дефицит од 3,5%, а преку Фискалната стратегија 2027–2031 оваа состојба се претвора во трајна.
Повикувајќи се на Фискалниот бројач на Министерството за финансии, заклучно со 26 мај 2026 година, Битиќи ги презентираше следните бројки:
Овие податоци покажуваат дека разликата меѓу приходите и расходите веќе изнесува речиси 28,6 милијарди денари, што значи дека за помалку од пет месеци е реализиран 73% од планираниот годишен дефицит.
„Капиталните расходи не можат да бидат алиби за овој дефицит. Веќе создадениот дефицит е за околу 13,3 милијарди денари поголем од реализираните капитални расходи. Ако Владата тврди дека дефицитот е развоен, мора да објасни зошто фискалната дупка расте многу побрзо од мерливата капитална реализација“, посочи Битиќи.
Осврнувајќи се на предупредувањата дека дефицитот би можел да достигне и до 6%, пратеникот на СДСМ на крајот упати директни прашања до Министерството за финансии – дали се планира ребаланс на Буџетот, дали ќе се пробие веќе планираниот дефицит од 39,2 милијарди денари и дали во Владата веќе се разгледува црното сценарио за дефицит од 6%.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

