01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Во своето најново излагање во подкастот „Почетна предмет“, познатиот новинар Саше Ивановски, попознат како Саше Политико, изнесе низа позитивни оценки за актуелното политичко делување на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, Филипче направил сериозна трансформација во својот настап и сега покажува вистинска политичка острина.
„Мене искрено ми се допаѓа Венко Филипче како функционира. Многу е агресивен, многу е енергичен, многу е динамичен“, истакна Ивановски во подкастот, додавајќи дека лидерот на социјалдемократите сега настапува со пристапот „што на ум, тоа на друм“.
Според анализите на Политико, на Филипче му бил потребен одреден период за да се адаптира на новата позиција, но резултатите сега се очигледни. „Можеби му требаше време за да се освести, да види кај е, но сега, последните неколку месеци, буквално Филипче е присутен секој ден“, вели тој.
На прашањето од кого Филипче ја научил оваа нова политичка динамика, Ивановски посочи неочекуван одговор – актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не, јас мислам дека го копира Мицкоски. Мицкоски кога беше опозиција беше ваков“, дециден е Саше Политико.
Во продолжение на разговорот, тој направи паралела помеѓу сегашниот настап на Филипче и досегашната пракса на функционерите на СДСМ, критикувајќи го нивниот, како што го нарече, „комунистички мајндсет“.
Ивановски се присети на своите искуства од телевизиското новинарство, објаснувајќи како функционерите од оваа партија стравувале од преголема медиумска експонираност.
„Ќе викнеш некој човек во емисија, ќе ти гостува и на искачање ти вика: 'Супер беше интервјуто, ај ќе се чуеме за шест месеци од сега'. Кога ќе го прашаш зошто за шест месеци, ти одговара дека народот е презаситен од него и мора малку да го снема за да не му здосади на јавноста“, раскажа Ивановски.
Тој заклучи дека старото раководство и членовите на СДСМ погрешно верувале дека премногу настапување во јавност е лошо, пракса која Венко Филипче очигледно решил целосно да ја напушти.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

