22 април 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, се огласи со коментар на социјалните мрежи во кој ги анализира и критикува односите меѓу Македонија, Бугарија и Србија, особено низ призмата на историските интерпретации и актуелните политички потези.
Георгиевски посочи три настани кои му оставиле силен впечаток за време на Велики Петок:
Хуман гест од Бугарија
Како прв момент, тој го истакна гестот на ученици од бугарско село кои собрале 2.500 евра помош за настраданите во пожарите во Кочани. Овој чин на солидарност тој го стави во контраст со односот на македонската влада кон Бугарија.
Критика до владата и антибугарскиот наратив
Георгиевски жестоко ја критикуваше актуелната ВМРО-вска влада за, како што рече, „нов бран антибугарска кампања“. Тој тврди дека властите дури сега за првпат вистински го читаат францускиот предлог, и дека доживуваат шок кога сфаќаат дека истиот предвидува не само вклучување на Бугарите во Уставот, туку и обврска за отстранување на говорот на омраза и отворање на архивите на УДБА – нешта што Георгиевски ги нарече „тешки идентитетски удари“.
Одбележување на историски настани – селективна меморија
Како трет впечаток, Георгиевски се осврна на официјалното одбележување на т.н. „Валандовски покољ“, во кој, според него, „бугарите од ВМРО со селските чети составени од локално население ги поразиле српските ослободители“. Тој го нарече ова „македонски идентитетски мазохизам“, критикувајќи го фактот што, иако ВМРО и самото население во историјата се сметани за бугари – денес се величаат на настани кои ги прикажуваат Србите како жртви, а ВМРО како агресори.
„Македонскиот идентитетски мазохизам кога станува збор за Србите е неверојатен! Ама станува комичен кога Србите ВМРО ги нарекуваат Бугари, а дури и населението – бугарско“, заклучува Георгиевски.
Со оваа изјава, поранешниот премиер уште еднаш го актуализира вечно чувствителното прашање на идентитетот, историјата и меѓусоседските односи, повикувајќи на искрен и објективен пристап кон минатото и сегашноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

