22 мај 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски предупредува дека историјата продолжува да биде клучен фактор што го обликува и го одредува патот на Македонија кон меѓународната интеграција. Во своја изјава, Георгиевски потсетува на примери од минатото кои покажуваат како нерешени историски прашања ја кочат иднината на државата.
„Историјата ни ја решава иднината“, вели Георгиевски, наведувајќи го примерот со спорот околу античка Македонија, кој според него ја забавил евроатлантската интеграција на земјата за речиси 11 години – почнувајќи од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Тој потсетува дека токму историските и идентитетските прашања беа главната пречка за влез во НАТО, сè до конечното членство повеќе од една деценија подоцна.
Истата слика, според Георгиевски, се повторува и денес, со нови блокади на европскиот пат. „Францускиот предлог“, како што го нарекува, веќе четири-пет години ја влече Македонија во политички застој и неизвесност во однос на ЕУ-интеграциите.
Георгиевски не гледа причина за оптимизам во блиска иднина: „Не гледам ситуација дека во наредните 4-5 години ќе се реши целата ситуација на некој начин.“ Со тоа, тој укажува дека историските теми и понатаму ќе останат централен предизвик за иднината на македонската држава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

