22 мај 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски излезе со критика за сè почестото одбележување на српски државни и историски празници во Република Македонија, укажувајќи дека тоа не е само културен феномен, туку длабоко политички и историски наратив со потенцијално негативни импликации по македонскиот идентитет.
„Ние имаме, значи, веќе стабилизирање на прославите на српските празници во Македонија,“ истакна Георгиевски, посочувајќи дека ова не се однесува на заедничката историја од времето на Титова Југославија, туку, како што вели, „на општата историја на Македонија во рамките на Караѓорѓева Југославија“, период кога, според српската државна политика од тоа време, Македонците „не постоеле“ како нација.
Тој потсетува дека во тој историски контекст, Македонија била третиранa како „Јужна Србија“ или „Стара Србија“, а Македонците како „јужни Срби“. Георгиевски нагласува дека денешното прославување на такви празници не само што не ја афирмира македонската историја, туку дури и ја брише, преку повторно оживување на наративи кои директно го негираат македонскиот народ и државност.
„Вие сега гледате имате етаблирање на минимум пет празника“, предупредува Георгиевски, со што, според него, се отвора пат за редефинирање на националниот историски контекст во корист на соседна држава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

