15 мај 2025
• од Вардарски
Георгиевски остро се осврна на македонската историографија, нарекувајќи ја „една од најфалсификуваните во Европа и светот“. Во своето излагање, Георгиевски посочи дека фалсификатите не се ограничени само на периодот на комунизмот, но дека токму тогаш тие биле најинтензивни и најсистематизирани.
„Сите комунистички историографии во земјите што поминаа низ комунизмот беа обременети со фалсификати“, вели Георгиевски. „Но, повеќето од тие земји барем се обидоа да се ослободат од тие големи лаги. Кај нас, за жал, тој процес никогаш вистински не започна.“
Според него, македонското општество сè уште живее под тежината на митови создадени и поддржувани од Титовата Југославија, кои во денешно време, со толкав пристап до информации преку интернет и слободни медиуми, се несфатливи.
„Победниците ја пишуваат историјата – тоа е општо позната вистина, не само кај нас, туку и во светот. Но, додека светската историја барем се обидува да коригира дел од тие фалсификати, ние сè уште живееме со небулозите на комунистичката историја“, рече Георгиевски.
Тој нагласи дека македонската историографија не само што содржи нелогичности, туку дека тие често се очигледни и срамни за едно модерно општество. „Кога ќе ги погледнете од друг агол, тие фалсификати можеби имаат логика – логика на политичка агенда, на контрола и манипулација. Но денес, тие немаат место во една демократска, информирана и суверена држава“, додаде тој.
Подкастот, кој според Георгиевски има за цел да отвори јавна дебата за историските вистини и заблуди, најавува и понатамошни епизоди каде детално ќе се анализираат конкретни случаи на историски манипулации во македонската историографија.
„Време е да се ослободиме од митовите и да се соочиме со фактите – какви и да се тие“, заврши Георгиевски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

