03 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во мега-интервју за весникот и телевизијата „Лајм“ даде контроверзна и провокативна изјава, оценувајќи дека денешното „југословенство“ или „српство“ во Македонија е посилно отколку што било во 1990-тите години.
Георгиевски се осврна на историските моменти околу осамостојувањето на Македонија, велејќи:
„…немаше желба изворна, автохтона, масовна да кажат Македонците: сакаме самостојна и независна Македонија.“
На прашањето дали тоа било од страв, Георгиевски одговори:
„И од страв, и од југословенство. Како денес што сме, и тогаш бевме југословени…“
Според него, во деведесеттите години сепак постоела структура, организирана околу ВМРО-ДПМНЕ, која била подготвена да му се спротивстави на српскиот притисок и агресија. Но, денес, како што вели Георгиевски, таква структура повеќе не постои.
„Во овој момент мислам дека таква структура не постои. Мислам дека денеска југословенството и српството е по силно отколку во деведесеттите години,“ заклучи Георгиевски.
Изјавата предизвика реакции во јавноста, отворајќи прашања за националниот идентитет, историската самосвест и актуелните политички текови во Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

