06 април 2025
• од Вардарски
„На денешен ден, 6 април 1941 година, Хитлер го нападна Кралството Југославија, а нападот започна токму преку Македонија, тогашната Вардарска бановина“, изјави поранешниот премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски.
Според него, речиси целата територија на Македонија била окупирана за само еден ден, без пружен значаен отпор од страна на југословенската кралска армија. „Македонците масовно дезертираа од војската, не се бореше речиси никој“, посочи Георгиевски.
„Во таа капитулација беа заробени околу 350.000 југословенски војници, од кои 35.000 биле Македонци. Интересен е податокот дека сите тие кои се изјаснија како Бугари беа ослободени со интервенција на Бугарија и веднаш беа пуштени на слобода. Останатите беа однесени во германски концентрациони логори, а прашање е колку од нив воопшто се вратија дома“, изјави Георгиевски.
„Оваа тема, иако е дел од нашата историја, никогаш не е ни спомната. Живееме со митови и полувистини, додека вистинските настани остануваат под тепих“, додаде тој, укажувајќи на потребата за отворен и искрен пристап кон историјата на македонскиот народ во периодот на Втората светска војна.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

