30 јануари 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски повторно предупредува за политичката експлоатација на антибугаризмот во Македонија. Тој вели дека оваа тема е „најбезбедното поле“ за политичарите, каде секој може слободно да плука, да навредува и да собира поддршка без никакви последици.
„Се чудиме што ни се случува, а со години создаваме атмосфера на омраза. Во Македонија постои чипирана структура која одбива било каков однос со Бугарија – дел се дел од длабоката држава, дел се производ на систематска пропаганда преку образование и медиуми,“ вели Георгиевски.
Тој повикува на рационален пристап и отворање на дијалог, бидејќи, како што нагласува, без соочување со реалноста, Македонија ќе продолжи да се движи во круг на националистички наративи кои не носат ништо добро за иднината.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

