21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Кешбек платформата MyWorld, која се спои со „Лајонес“ и подоцна стана нејзин најпознат наследник, е во стечај. Овој развој на настаните ја доведува под знак прашалник иднината на компанијата Лајконет, фирма за мрежен маркетинг која работеше исклучиво за myWorld, објави порталот Фактор.мк.
Стечај е отворен над „maјWorld International AG“, сопственик и на „maјWorld Македонија“. Управител на македонската подружница е Радован Витошевиќ, кој до неодамна беше и оперативен директор на интернационалната компанија. Иако „Фактор“ се обиде да добие коментар од него, тој не одговорил.
И покрај проблемите на матичната компанија, „maјWorld Македонија“ продолжува со работа. Податоците покажуваат дека фирмата бележела раст на приходите во последните години, но и значителни осцилации во расходите. Во 2022 година остварила добивка од 66 илјади евра, во 2023 трипати поголема – 197 илјади евра, додека лани добивката изнесувала 45 илјади евра. Во моментот, компанијата има осуммина вработени.
За ситуацијата зборуваше и Зоран Витанов, долгогодишен претставник и акционер во „Лајконет Аустриа ГмбХ“, која е сопственик на „Лајконет Македонија“.
„Да, има активен стечај, меѓутоа на myWorld. Јас не сум релевантен да зборувам во нивно име. Лајконет е маркетинг агенција основана со единствена цел – да го промовира myWorld преку мрежен маркетинг. Но, бидејќи има само еден клиент кој сега е под стечај, автоматски и Лајконет престанува да функционира сè додека трае стечајната постапка,“ изјави Витанов за Фактор.
Сопственик на главните фирми зад myWorld и Лајконет е Австриецот Хуберт Фрајдл, чијашто имотна состојба се проценува на околу 500 милиони долари. Сепак, и покрај богатството и меѓународниот опфат, банкротот на компанијата остава голема неизвесност за илјадници членови и корисници, меѓу кои и многу Македонци.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден