05 мај 2025
• од Вардарски
Лубениците годинава рано се појавија на пиљарите, но со цени што ги тераат купувачите да се фатат за џеб. Во мај, една лубеница чини дури 500 денари, со килограмска цена од 100 до 150 денари. „Скапи се, ама кој сака мерак, плаќа“, велат продавачите, кои често нудат и резанки за оние што не сакаат да даваат толку пари за цела.
Лубениците моментално главно се увезуваат од Грција, а домашните се очекуваат кон крајот на месецот или почетокот на јуни. Додека да стигнат, цените остануваат високи, а трговците отворено признаваат: „Сега е луксуз, правиме пари.“ Иако со доаѓањето на домашниот род цените ќе паднат, земјоделците се жалат дека и покрај тоа, често завршуваат со непродаден род што останува да презрее на нивите.
Според статистиките, во 2023 година Македонија имала само 9 хектари засадени со лубеници, со вкупно 438 тони род. За десет години површините се намалиле за три хектари, а земјата сè повеќе се потпира на увоз од Албанија, Грција и Турција. Сето тоа дополнително ја зголемува цената за потрошувачите, кои плаќаат скапо за раниот мерак.
Ако решите да вложите во сладок залак, запомнете: најдобри се „женските“ лубеници со широки шари и жолтеникав дел на кората. И секогаш проверете со чукање – ако звукот е шуплив, лубеницата е зрела.
Лубеницата освен што е скапа, е и здрава: полна со витамин Ц, А, Б, калиум и магнезиум. Но во мај, ќе ви треба и дебел паричник за да си ја дозволите!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

