16 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонија гласала против резолуцијата во Обединетите нации која ги осудува нацизмот, неонацизмот и современите екстремистички идеологии, објави пратеникот Реџеп Исмаил на својот профил на Фејсбук.
Исмаил го нарече гласањето „уште едно лудо гласање на Нордистан во ОН“, истакнувајќи дека е парадоксално што токму Македонија – земја со силно историско наследство поврзано со антифашистичката борба – се позиционира против ваков документ.
„Иронијата да е уште поголема, токму Македонија е најзагрозена од европските држави со бришењето на историската меморија од времето на агресијата на фашизмот врз македонскиот народ,“ напиша Исмаил, додавајќи дека актуелните спорни прашања со Бугарија се „директни влијанија на неофашизмот“.
Пратеникот упати и политичка критика кон дел од домашните партии, наведувајќи дека граѓаните треба да се потсетат на ова гласање кога, како што вели, партиските лидери ќе тврдат дека „не прават чекор повеќе на штета на македонизмот“.
Исмаил додаде дека очекува ваквото гласање да биде осудено и од движењата кои се залагаат за правата на Палестинците, оценувајќи дека западните сили настапуваат со, како што тој го нарече, „профашистички и ционистички шаблон“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

