22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во земја во која цените секојдневно растат, а животниот стандард се топи како снег на сонце, последните податоци од Државниот завод за статистика звучат како студен туш за македонските граѓани. Просечната нето плата во август 2025 година изнесувала само 45.310 денари, додека бруто-платата достигнала 68.180 денари.
Иако статистиката ладнокрвно бележи „раст“ од 10,3% во споредба со август минатата година, реалноста е сосема поинаква. Со инфлацијата што јаде сè пред себе, со цените на храната, струјата и кириите кои се двојно повисоки од пред две години, оваа бројка не значи ништо повеќе од гола илузија на подобрување.
Според извештајот, најголем раст на платите има во здравството и социјалната заштита (14,9%), образованието (14,8%) и административните услуги (14,4%). Но, ова не се чувствува во џебовите на граѓаните. Напротив — лекарите заминуваат во странство, професорите едвај преживуваат, а администрацијата едвај чека први за да врати кредити.
Во други сектори, како уметноста, угостителството и рударството, растот е минимален и само козметички. Зад сувите проценти стои сурова реалност: илјадници семејства кои сметаат денови до следната плата и пресметуваат дали да платат сметки или да купат леб.
Иако власта гордо ќе се пофали дека „просечната плата расте“, во реалноста тоа не значи дека граѓаните живеат подобро. Напротив, се живее полошо од кога било. Повеќето работници никогаш не ја виделе оваа „просечна“ плата — за нив таа е како мит, недостижна бројка што постои само во извештаи и табели.
Пензии кои не стигнуваат до крај на месецот, млади кои масовно заминуваат, родители кои штедат на храна за да купат тетратки — тоа е вистинската слика на Македонија во 2025 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден