18 јануари 2025
• од Вардарски
Според Европската управа за безбедност на храната, во зелка од Македонија се откриени остатоци од пестицидот имидаклоприд. Пестицидот е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчук кој требало да заврши во хрватските продавници, пренесуваат медиумите од регионот. Хемикалијата била откриена кога зелката била на хрватската граница,
Комисијата на ЕУ ја забрани употребата на имидаклоприд на сите култури што се одгледуваат на отворено. „Постојат сè поголеми докази дека употребата на имидаклоприд има разурнувачки ефект врз биодиверзитетот, особено во реките, влијаејќи не само на раковите, и инсектите, туку и на организмите на почвата.
Со текот на времето, токсичноста е кумулативна
Биоакумулацијата на имидаклоприд е забележана во студии на животни по изложување во ниски дози. Научните студии, базирани на тестови на животни, заклучија дека имидаклоприд делува како репродуктивен токсикас и ендокрино нарушување што може негативно да влијае на срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

