11 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во раните утрински часови во саботата, на 9 август 2025 година, македонски државјанин бил физички нападнат од три лица на автопатот Приштина–Митровица, во местото Шкабај, Косово.
Според информациите од косовската полиција, инцидентот се случил околу 1:40 часот, кога тројца осомничени косовски државјани физички ја нападнале жртвата. Нападнатиот веднаш добил медицинска помош.
По приведувањето и разговорот со осомничените, по наредба на дежурниот обвинител, едно лице било задржано во притвор, додека другите двајца биле пуштени да се бранат од слобода.
Полицијата покрена истрага со цел да ги утврди сите околности поврзани со настанот. Случајот е класифициран како „напад“ и е предаден на понатамошна постапка пред надлежните правосудни органи.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово